Дома Топ вести Барселона не се откажува од Бернардо Силва

Барселона не се откажува од Бернардо Силва

Главна трансфер цел на Барселона следното лето ќе биде ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, пренесува „Мундо Депортиво“.

Тренерот на Каталонците, Чави го известил раководството дека го сака Португалецот по секоја цена во својот тим.

Барселона и ова лето се обидуваше да го доведе Бернардо Силва, но за тоа ќе треба да продаде барем еден од важните играчи со највисоки плати.

Минималната сума за која Сити е спремен да го продаде Силва е 80 милиони евра, а Каталонците се спремни да го продадат Де Јонг за да го донесат Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…