Дома Трансфер зона Барселона и Депај се договорија, но постои еден важен услов

Барселона и Депај се договорија, но постои еден важен услов

Мемфис Депај подолго време е на радарот на Барселона, па Холанѓанецот може на лето да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона минатото лето со сите сили се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но Лион не попушташе и бараше сума од 30 милиони евра. 

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па Депај ќе биде слободен агент. Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона постигнала комплетен договор со играчот за финансиските услови.

Меѓутоа, постои важен услов за реализација на трансферот. Доколку Куман не остане на клупата на Барселона, одлуката ќе треба да ја донесе новиот тренер.

Депај е голема желба на Куман, но доколку пристигне нов тренер тој ќе го има последниот збор за реализација на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…