Дома Трансфер зона Барселона и Валенсија договорија размена, а таа ќе се реализира на интересен начин

Барселона и Валенсија договорија размена, а таа ќе се реализира на интересен начин

0

Скоро сите поголеми шпански медиуми објавија иста вест – Барселона и Валенсија договорија размена!

Наводно, работата е веќе завршена и Јаспер Силенсен од „Ноу Камп“ ќе се пресели на „Местаља“ додека Нето ќе тргне во спротивен правец.

Клубовите нема да потрошат ниту цент на оштета бидејќи е проценето дека двата голмани вредат по 30 милиони евра. Но, интересно е како сето тоа регулирано поради финансискиот фер плеј. Прво Барселона на Велснија ќе и плато 30 милиони евра за купување на Нето на 30-ти јуни, а наредниот ден Валенсија ќе ги врати парите за купување на Силенсен.

Кога во прашање се платите на голманите. Силенсен и во Валенсија ќе ја добива платата која ја имаше во Барселона, а таа е значително поголема од онаа на Нето.

Изгледа во оваа размена најдобро помина бразилскиот голман кој ќе добие три пати поголема плата отколку во Валенсија, а покрај тоа оди во клуб каде што ќе се бори за сите трофеи. Единствено што не е оди во негова полза е што ќе биде втор голман и што нема да брани колку што бранеше на „Местаља“.

Силенсен сакаше да биде прв голман, но покрај Андре Тер-Штеген тоа не беше возможно. Од кога дојде од Ајакс во Барселона во 2016 година бранеше само на 32 натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алегри на „Олд Трафорд“ носи две ѕвезди на Јувентус

Манчестер Јунајтед можеби го бележи најлошиот старт во новата клупска историја, а на најго…