Дома Трансфер зона Барселона им ја отвори вратата на три ѕвезди

Барселона им ја отвори вратата на три ѕвезди

Барселона бара начин како да се ослободи од тројца фудбалери во зимскиот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Филипе Кутињо, Сержињо Дест и Самуел Умтити, на кои тренерот Чави нема да смета во остатокот од сезоната.

Кутињо ја добива една од најголемите плати во Барселона, но во исто време е на маргините и не добива голема минутажа, па клубот сака да се ослободи од него.

Барселона е спремна да го пушти Бразилецот на позајмица со право на откуп само да се ослободи од неговата висока плата.

Слична е ситуацијата со Самуел Умтити, кого Барселона е спремна да го пушти бесплатно, само да се ослободи од неговата висока плата.

Што се однесува до Дест, за него интересот е поголем, неколку клубови ги сакаат во своите редови, а за негата слобода Барселона бара 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…