Дома Фудбал Барселона излезе со соопштение за упадот на полицијата во клупските простории

Барселона излезе со соопштение за упадот на полицијата во клупските простории

Фудбалскиот клуб Барселона објави официјално соопштение како резултат на денешната акција на полицијата поврзана со финансиските измами поврзани со бившото клупско раководство.

Денес беше уапсен поранешниот претседател Бартомеу, а полицијата влезе да направи претрес во клупските канцеларии.

„Во врска со посетата на полицијата и одделот за економски криминал во канцелариите на Камп Ноу утрово, од клубот овозможија соработка на судските и полициските лица со цел да се расветли ситуацијата. Беа земени потребните информации и документација, која е поврзана со случајот. Барселона покажува респект кон правосилните органи“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Собослаи со големи пофалби за новиот тренер: „Ако си тренер на Ливерпул, мора да бидеш одличен“

Доминик Собослаи зборуваше со голема почит за тренерите со кои работел во Ливерпул, но пос…