Бразилскиот фудбалер Даглас Переира раскажа за тоа како му било тешко во Барселона. Бразилецот е сега член на Спортинг Хихон, а во Барса стигна во 2014 година од Сао Паоло.
За своите две години додека беше во Барселона одигра само 12 минути и од медиумите беше прогласен за една од најголемите трансфер грешки на каталонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од мал сонував да станам фудбалер. Знаев дека нема да биде лесно, но успеав во тоа. Во Барса имав тежок период со повреди и секој ден си доаѓав дома со плачење. Но, научив да се носам со тоа“, изјави Даглас.
„Имаше луѓе кои многу се противеа за тоа што јас сум во клубот, а со повредите кои ги добив тоа во мојата глава креираше хаос. Се чувствував како да сум во легија на странци, но останав силен поради семејството и луѓето кои ме сакаат“, додаде Бразилецот.