Дома Топ вести Барселона доби сериозни закани: „Камп Ноу“ може да биде затворен!

Барселона доби сериозни закани: „Камп Ноу“ може да биде затворен!

Претседателот на шпанската прва Лига, Хавиер Тебас испрати сериозна закана до управата на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тебас истакна дека Барселона би можела да биде казнета со затварање на „Ноу Камп“ доколку навивачите продолжат да ја навредуваат Шпанија. Тој додаде дека, Каталонците имаат право да користат пароли кои одат во корист на независноста на Шпанија, но навредите кон Шпанија би можеле да бидат казнет.

„Денес скандирањето за независност не го сметаме за навреди или производ на насилство…Но доколку продолжат да испраќаат навреди кон шпанската држава тоа ќе бидеме приморани да го санкционираме. Постојат неколку казнени мерки, а помеѓу нив е и затварање на „Ноу Камп“, порача Тебас.

Да потсетиме, навивачите на Барселона во секој натпревар без разлика дали тоа е фудбалски или кошаркарски бараат независност, но понекогаш и испраќаат навреди кон Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Антоан Гризман ќе го оствари својот сон во САД

АНТОАН Гризман потпиша договор со Орландо Сити и така го исполни својот долгогодишен сон д…