Дома Топ вести Барселона го сака капитенот на Милан

Барселона го сака капитенот на Милан

Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ромањоли и оваа сезона е една од најсветлите точки во тимот на „росонерите“ и се етаблира во еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа.

Цената на Ромањоли во моментов изнесува 50 милиони евра, па Барселона во него гледа идеална замена за Умтити, кој е на излезна врата.

Каталонците се спремни да му предложат на Милан трампа во која ќе биде вклучен Умтити или некој друг играч на „блауграна“.

Сепак, Милан не сака да се раздели со својот капитен и веќе спремил нов, многу побогат договор за Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…