Дома Трансфер зона Барселона го сака Икарди на позајмица

Барселона го сака Икарди на позајмица

Мауро Икарди не е задоволен од својот статус во ПСЖ и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а таквата ситуација сака да ја искористи Барселона.

Тренерот Чави Ернандез сака нов напаѓач, смета дека Лук де Јонг не е доволно добар, а верува дека Икарди одлично ќе се вклопи бидејќи потекнува токму од школата на Барселона.

Барселона ќе се обиде да го донесе Аргентинецот на позајмица, а токму тоа може да биде проблем бидејќи ПСЖ сака трајно да се ослободи од Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Нови детали: Влаховиќ го избрал новиот клуб, трансферот можен уште овој месец!

Душан Влаховиќ утрово е во центарот на вниманието на италијанските медиуми. Српскиот напаѓ…