Дома Останати Барселона го раскинува договорот со Циндриќ

Барселона го раскинува договорот со Циндриќ

Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндиќ ја напушта Барселона, откако клубот го известил дека сака да го раскине договорот, пренесува „Спорт“.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека одлуката во Барселона ја донеле поради се почестите повреди на хрватскиот репрезентативец.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Исто така, „Спорт“ пишува дека раскинувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот. Покрај Циндиќ, Барселона на позицијата среден бек ги има неодамна потпишаниот Пол Валера од Гранољерс и Словенецот Домен Макуц.

Циндриќ во Барселона пристигна во 2019 година од Келце и потпиша договор до 2023 година. Пред три години потпиша нов подобар договор со Каталонците до 2025, но нема да го одработи до крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Калид повеќе не е ракометар на Пелистер!

Македонскиот шампион Пелистер и Мохамед Калид Валид спогодбено ја прекинаа соработката пре…