Денес во 16:30 часот се игра финалето на ракометното Европско првенство помеѓу Хрватска и Шпанија. „Црвената фурија“ е фаворит, но „коцкестите“ покажаа дека никој не смее да ги отпише.
Тоа што ги загрижи сите во Хрватска, а посебно селекторот Лино Червар е фактот дека Лука Циндриќ би можел да го пропушти финалето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватските репрезентативци утрово имаа тренинг на кој не присуствуваше еден од најдобрите ракометари на „коцкестите“, кој го пропушти цело второ полувреме против Норвежаните.
Хрватските медиуми објавија дека докторите се обидуваат да го подготват за мечот, но неговиот настап засега не е сигурен. Тоа ќе биде навистина голем хендикеп за Хрватска, бидејќи Циндриќ е еден од најдобрите ракометари во светот.