Дома Трансфер зона Барселона го посакувала Шкртел, но Словакот ги одбил

Барселона го посакувала Шкртел, но Словакот ги одбил

0

Интересни информации пристигнуваат од Шпанија, а поврзани се со екипата на Барселона и поранешниот играч на Ливерпул.

Имено, искусниот Словак во текот на јануарскиот преоден рок бил голема желба на Барселона.

Поради повредата на Умтити и слабата форма на Пике, во Барса сакале да донесат искусно засилување во дефанзивата. Наводно се споменувал и Бранислав Ивановиќ, но прва опција бил Мартин Шкртел.

Она што е интересно е дека играчот одбил трансфер во шпанскиот тим.


Следете го Sportski.mk и на


„Барселона сакаше да го потпише, бидејќи им треба централен дефанзивец како алтернатива, но тој не прифати бидејќи не сака да биде замена за Пике и Умтити.“ – изјавил изворот.

Шкртел е задоволен од статусот во Истанбул и нема намера да замине во друга средина. Тој е член на Фенербахче од 2016. година кога пристигна од Ливерпул, а договорот со оваа екипа му истекува на крајот од сезоната.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид и Ливерпул прават спектакуларна трампа

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака во својот тим да го види фантастичниот Сенегал…