Дома Трансфер зона Барселона го понудила Кутињо на два премиерлигаши?

Барселона го понудила Кутињо на два премиерлигаши?

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, Барселона го понудила Фелипе Кутињо на Арсенал и Њукасл.

Каталонците го понудиле Кутињо на Арсенал и Њукасл со цел да ослободат простор во буџетот за доведување на Лаутаро Мартинез од Интер за кого подолго време водат преговори. Денес се пишуваше и дека најновата понуда за Лаутаро е дефанзивецот Фирпо, плус 70 милиони евра (повеќе за ова тука).

Да се вратиме кај Кутињо. За Баерн Бразилецот одигра 34 натпревари и постигна девет гола и во Минхен немаат намера да го откупат.

Како што се пишува Барселона пак не сака да го задржи и сака брзо да се ослободи поради неговата висока плата и никој не очекува дека наредната сезона Кутињо ќе го гледаме во нивниот дрес.

Враќање во Премиер лигатата би можело да биде добро за Кутињо затоа што таму Бразилецот го играше најдобриот фудбал во кариерата. Меѓутоа засега не е познато колку Арсенал и Њукасл се спремни да понудат за Бразилецот.

Како и да е тоа сигурно ќе биде далеку од сумата за која Барселона го купи од Ливерпул (120 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Вилијан со писмо се прости од Челзи

Крилниот фудбалер Вилијан го приведува кон крајот својот мандат на „Стенфорд Бриџ“, а нови…