Дома Фудбал Барселона го понижи Пјаниќ

Барселона го понижи Пјаниќ

Раководството на Барселонам овие денови води психолошка „војна“ со неколку фудбалери, особено со Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ не е во плановите на тренерот Роналд Куман и Барселона сака што побрзо да се ослобиди од него.

Каталонците мораат што побрзо да го намалат буџетот за плати, а Пјаниќ заработува 8 милиони евра по сезона и клубот му ја отвори излезната врата.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона му порачала на Босанецот дека нема да ги започне припремите со остатокот од тимот.

Од клубот му порачале дека е на трансфер листа и се додека не замине нема да тренира со првиот тим.

После ова јасно е дека заминувањето на Пјаниќ е само прашање на време, а клубот му нуди и раскин на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Сараево: Последниот второлигаш го исфрли тимот на Зекиќ од Купот!

Само три дена по дерби-победата над Железничар, Сараево доживеа студен туш во Томиславград…