Дома Трансфер зона Барселона ги одбила Кавани и Џеко, позната и причината

Барселона ги одбила Кавани и Џеко, позната и причината

Со заминувањето на Луис Суарез во Атлетико во нападот на Барселона остана голема празнина. Со Барселона се поврзуваа Един Џеко и Едисон Кавани, но двајцата биле одбиени од каталонскиот клуб.

Џеко има договор со Рома до 2022 година и долго се поврзуваше со Јувентус, на крајот тој трансфер пропадна. Кавани од друга страна е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.

Според информациите Барселона двајцата напаѓачи ги одбила најмногу поради нивните години, Џеко има 34, Кавани 33 и тоа не се вклопува во нивната политика. Барселона сега е во период во кој треба да го подмладува тимот.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона до крајот на преодниот рок нема да доведува играчи ако некого не продаде. Единствено засилување за каталонците би можел да биде Сержињо Дест од Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер не се откажува од Канте

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа …