
Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓
Барселона на својата официјална страна објави дека испратила покана до Шапекоенсе за пријателски натпревар на „Камп Ноу“.
Клубот кој на 29-ти ноември остана без скоро целиот тим и стручниот штаб во авионска несреќа, допрва треба да одговори на овој повик.
Имено, Каталонците сакаат да го угостат бразилскиот тим пред почетокот на наредната сезона, на традиционалниот „Гампер Куп“ кој се игра на „Камп Ноу“.
„Сакаме да им одадеме почит на сите кои го загубија животот, но и на нивните семејства, а тоа ќе го направиме со разни активности воочи овој натпревар чиј датум ќе го одредиме наскоро“, објави Барса на својата официјална страна.
Притоа Барса најави дека ќе помогне во реструктуирањето на бразилскиот клуб, а парите од влезните најверојатно ќе завршат во касата на Шапекоенсе.