Дома Трансфер зона Барса се уште не донела конечна одлука за Агуеро и Депај

Барса се уште не донела конечна одлука за Агуеро и Депај

Раководството на Барселона ќе го чека крајот на сезоната, пред да донесе конечна одлука за привлекувањето на Серхио Агуеро и Мемфис Депај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од „Камп Ноу“ веќе преговараат со двајцата фудбалери кои ќе бидат слободни агенти на крајот на сезоната.

Меѓутоа Каталонците не брзаат да ги финализираат трансферите и чекаат да заврши сезона, тврдат шпанските медиуми.

Двајцата можат да пристигнат на „Камп Ноу“ без обештетување и тоа е една од причините поради кои Барса сака да ги донесе.

Куман е голем симпатизер на играта на Депај, додека клубот преферира да го донесе Агуеро поради неговите одлични односи со Лео Меси.

Конечната одлука ќе биде донесена по завршувањето на сезоната, но тешко дека двајцата заедно ќе пристигнат на Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…