Дома Трансфер зона Барса се уште има надеж за Де Лихт – Пике имал средба со Холанѓанецот

Барса се уште има надеж за Де Лихт – Пике имал средба со Холанѓанецот

0

И покрај фактот што повеќе еминентни медиуми во Европа пренеуваат дека Матијас де Лихт е на чекор од трансфер во Јувентус, сепак шпекулациите за неговата иднина продолжуваат.

Денешното издание на „Мундо Депортиво“ на насловната страна пишува дека Барселона се уште се надева на трансфер на Де Лихт и дека 19-годишниот Холанѓанец преферира преселба на „Камп Ноу“.

Неговиот менаџер Мино Раиола настојува да го однесе во Јувентус, но Де Лихт се уште не дал конечна согласност.

Весникот открива дека Де Лихт имал средба со Жерар Пике на Бахамите за време на одморот. На средбата Пике го убедувал Холанѓанецот да се пресели на „Камп Ноу“ и дека нема потреба да се плаши од конкуренцијата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тотенхем на чекор од две големи засилувања

Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 70 милиони фунти, стану…