Барселона запиша уште една убедлива победа во Лигата на шампиони овој пат над Црвена Звезда со 2:5, во дербито Интер успеа да го победи Арсенал со 1:0.
Речиси едно полувреме Црвена Ѕвезда успеа да парира на Барселона. Гостите поведоа со голот на Мартинез во 13 минута, а Силас израмни во 27 минута. Пред крајот на првото полувреме Барселона стигна до нова предност со голот на Роберт Левандовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во вториот дел Каталонците ја покажаа својата класа и до врв ја наполнија мрежата на домаќините, кои успеаа да постигнат уште еден гол за конечни 2:5.
Интер иако во скоро целиот натпревар беше во подредена улога, сепак успеа да слави со голот на Чалханоглу од пенал во 45-та минута. Арсенал создаде многу шанси, но не успеа да избегне пораз.
Атлетико Мадрид запиша голема победа на гостувањето кај ПСЖ (1:2), додека Аталанта славеше со 2:0 на гостувањето кај Штутгарт.