Дома Фудбал Барса потврди: Суарез останува до 2022 година!

Барса потврди: Суарез останува до 2022 година!

Преговорите се завршени и во наредните денови Луис Саурез ќе стави потпис на нов договор со важност до 2022 година, потврди првиот човек на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу.

Претседателот на Барселона исткна дека клубот сакал со Суарез да потпише подолг договор, иако Уругваецот за пет години ќе го прослави 35 роденден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Договоривме нова соработка со Суарез. Сѐ е завршено, останаа само уште некои ситни детали. Во наредните денови ќе го официјализираме договорот“, потврди Бартомеу.

Суарез во Барселона е веќе трета сезона и со тимот освои по две титули во првенството и Купот и една во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серхио Рамос ќе го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра

Серхио Рамос постигна согласност со група клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб…