Дома Трансфер зона Барса потврди: Сакаме уште едно или две засилувања!

Барса потврди: Сакаме уште едно или две засилувања!

Барселона вчера пред своите навивачи го претстави новото засилување Осман Дембеле кој доаѓа од Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот на „Камп Ноу“ пристигна во трансфер „тежок“ 140 милиони евра, што го прави најскапо засилување во историјата на каталонскиот гигант.

До крајот на преодниот рок остануваат уште три дена, а од Барселона се надеваат дека до затворањето на трансфер прозорецот ќе претстават најманлку уште едно ново засилување.
Техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез за шпанските медиуми изјави дека преодниот рок за Каталонците сеуште не е завршен.

„Вистина е дека преговараме за некои играчи и имаме уште неколку дена да ги комплетираме трансферите. Се надеваме дека ќе постигнеме договор и дека ќе претставиме барем уште еден нов фудбалер на Камп Ноу. Преговараме долго време и имаме намера да донесеме уште едно или две засилувања“, изјави Фернандез.

Познато е дека главна трансфер цел на Барселона е Филипе Кутињо за кого Каталонците испратија понуда од 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…