Дома Фудбал Барса му ја одзема „деветката“ на Депај: Го почитуваме, но клупскиот интерес е на прво место

Барса му ја одзема „деветката“ на Депај: Го почитуваме, но клупскиот интерес е на прво место

Денес Роберт Левандовски беше претставен како нов играч на Барселона.

Полскиот напаѓач излезе пред 60.000 навивачи и позираше во новиот дрес, а на неговиот грб стоеше „деветката“. Во изминатата сезона тој број го носеше Мемфис Депај. Сепак раководството на клубот одлучи „деветката“ да ја додели на полскиот напаѓач.

„Левандовски и бројот 9? Беше тоа одлука на клубот. Сето тоа е во интересот на клубот и публиката. Поради тоа ја донесовме оваа одлука. Го почитуваме Мемфис, а тој во целост ја разбра нашата одлука“, изјави Лапорта.,

Левандовски истакна големо задоволство што е во Барселона.

„Емоциите беа неверојатни кога видов толкава бројка на претставувањето. Не постојат зборови со кои би опишал како се чувствував. Нешто чудесно. Сакам на теренот да ги направам навивачите среќни“, порача Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Oвие денови чудна е ситуацијата во Барселона. Одличниот преоден рок на крајот би можел да …