Дома Фудбал Барса му постави посебно правило на Дембеле: Мора да биде достапен 24/7!

Барса му постави посебно правило на Дембеле: Мора да биде достапен 24/7!

Барселона на сите начини се обидува да ја смири својата млада ѕвезда Осман Дембеле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дембеле како големо засилување пристигна од Борусија Дортмунд во Барселона и дури во последно време започна да го покажува својот потенцијал, но неговите лоши навики ги налутија луѓето во клубот.

Во главно, најголем проблем прави неговата зависност од видео игри и пропушти или воопшто не се појави на неколку тренинзи, а сега од клубот му претставија нови правила на однесување.

Едно од нив е по малку бизарно, Дембеле не смее никогаш, ама баш никогш да го исклучува звукот на својот мобилен телефон.

Неговиот телефон мора да биде 24 часа достапен и да им вклучено звук и вибрации, за да може да се јави секогаш кога ќе побара некој од клубот.

Во Барса сметаат дека на овој начин ќе успеат да ја постигнат својата цел, а тоа е Дембеле да не отсуствува од тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…