Дома Фудбал Барса може да здивне: Меси спремен за четвртфиналето!

Барса може да здивне: Меси спремен за четвртфиналето!

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси доби удар од страна на Калид Кулибали во мечот против Наполи, по што Каталонците се исплашија дека нема да може да сметаат на неговите услуги во четвтфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси, сепак, ќе биде подготвен за четвртфиналниот дуел против Баерн Минхен, кој вчера го совлада Челси, а „Марка“ пишува дека Аргентинецот не заработил сериозна повреда.

Меси се пожали на болка во левото стапало, но истата набрзо исчезнала и Аргентинецот ќе биде подготвен за мечот против Баварците, кои ќе бидат тежок ривал.

Аргентинецот одигра одличен дуел во победата против Наполи во осминафиналето на Лигата на шампиони и радува веста што ќе биде подготвен за средбата против Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …