Дома Трансфер зона Барса испраќа нова понуда за Ерик Гарсија

Барса испраќа нова понуда за Ерик Гарсија

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.

„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Барса сака да го врати уште ова лето на „Камп Ноу“ и испрати понуда од 10 милиони евра, која експресно беше одбиена.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Каталонците следните денови ќе испратат нова понуда од 15 милиони евра плус бонуси, а тоа е приближување до сумата од 18 милиони евра која ја бараат „граѓаните“.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор. Минатата сезона, Гарсија одигра 20 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потсетува на Малдини, Неста и Канаваро, а за него се борат Јувентус и Милан

Италија ја победи Албанија со 2:1 во првото коло од групата „Б“ на Европскотп рвенство, Ал…