Дома Топ вести Барса има нова идеја: Засилување од Баерн!

Барса има нова идеја: Засилување од Баерн!

Додека на големо се пишува за потенцијалниот трансфер на Нејмар Барселона има уште некои планови за трансфер пазарот. Каталонците се во потрага и по лев бек.

Од поодамна е познато е дека на Барселона потребно е и засилување на левата бековска позиција како поддршка, а можеби и замена за Жорди Алба во иднина.

Се споменуваа бројни имиња. Ферлан Менди го сметаа за прескап и тој заврши во Реал, Фелипе Луис е слободен, но засега се далеку од него, Жуниор Фирпо од Бетис е интересна опција, но има откупна клазула од 50 милиони евра. Се споменуваа уште Гереро од Дортмунд, Вендел од Леверкузен, Алекс Телес од Порто, Хуан Бернат од ПСЖ…

Меѓутоа каталонскиот „Мундо Депортиво“ тврди дека прва мета на Барселона е Давид Алаба кој и во минатите години беше желба на Каталонците, но не беше достапен. Сега би можел да биде…

Алаба има договор со Баерн уште две години, но одбива да потпише нов бидејќи е загрижен за својот статус во Минхен. Баерн за 80 милиони евра го доведе Лукас Ернандез кој игра како лев бек и стопер. Ернандез веројатно ќе игра како стопер, а лев бек би играл кога Баерн ќе игра со четворица во последната линија заедно со Кимих, Павар и Зуле.

Затоа Алаба се грижи за минутажата и одбива да го продолжи договорот со Баерн. Тоа би можела да доведе до ситуација Баерн да го продаде ако сака пристојна сума затоа што наредното лето тој ќе влезе во последната година од договорот и цената ќе му падне.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Eден од најважните играчи на Вардар на мета на Бешикташ!

Еден од „бисерите“ на Вардар, Али Адем со своите одлични настапи во есенскиот дел од сезон…