Дома Топ вести Барса го сака Тадиќ, Ајакс ја одби првата понуда

Барса го сака Тадиќ, Ајакс ја одби првата понуда

Барселона е во потрага по замена за повредениот Луис Саурез, а последните информации од Каталонија се дека клубот се насочил кон ѕвездата на Ајакс, Душан Тадиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона ги прекина преговорите со Валенсија за Родриго бидејќи шпанскиот напаѓач е прескап, па сега ќе се насочи кон српскиот репрезентативец.

Агентот на Тадиќ се очекува денес да пристигне во Барселона на средба со раководството, а Барселона веќе ја испратила првата понуда до Ајакс.

Намерата на Барселона била најпрвин да го донесат Тадиќ на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупат неговиот договор. Сепак водечките луѓе на Ајакс веднаш ја одбиле понудата и се спремни да го продадат играчот само во перманентен трансфер.

Се очекува во следните денови Барселона да испрати нова понуда за Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…