Барселона изминатите години немаше голем успех со трансферите, но сега конечно може да заработи на еден трансфер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за францускиот дефанзувец Жан Клер Тобидо, кој пристигна од Тулуз во 2019 година.
Барселона за неговиот потпис плати 1 милион евра, а сега е на добар пат да го продаде во Ница за 8,5 милиони евра.
Тобидо одигра само 5 натпревари за Каталонците, а потоа беше испраќан на позајмица. Последно играше за Ница, каде покажа одлични партии, па клубот реши да го откупи.
21-годишниот Французин ќе биде откупен за 8,5 милиони евра, што е добра вест за Барселона.