Дома Трансфер зона Барса ги започна преговорите со Агуеро

Барса ги започна преговорите со Агуеро

Иднината на Агуеро е главна тема во светските медиуми откако Аргентинецот објави дека го напушта Манчестер Сити.

32-годишниот напаѓач потврди дека нема да го продолжи договорот со „граѓаните“ и ќе си замине како слободен играч на крајот на сезоната.

Многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, но Барселона веќе ги започнала преговорите со неговиот агент. Каталонците исто така имаат и друга опција, Мемфис Депај од Лион, кој исто така на лето ќе биде слободен агент.

Од Пари Сент Жермен исто така побарале информации од неговиот агент за финансиските услови кои ги бара Агуеро, додека Јувентус и Челзи во моментов имаат други приоритети.

Што се однесува од Манчестер Јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ не покажува интерес кон Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го сака талентот на Арсенал, Артета има план како да го задржи

Младиот играч за врска на Арсенал, Чарли Патино може да биде повикан за првиот тим, пренес…