Дома Македонски спорт Барди повторно во Ла Лига?

Барди повторно во Ла Лига?

Како што стојат работите македонскиот репрезентативец Енис Барди летово ќе ја промени средината и ќе го напушти турски Трабзонспор.

Подолг период се шпекулира каде Барди ќе игра наредната сезона, а според последните информации во игра влегла шпанска Жирона.

Трабзон за Барди на Леванте му плати три милиони евра и сега сака за истата сума и да го продаде. Сепак, иако желбите се такви се најавува дека клубот поради економската ситуација ќе го продаде Барди и за половина од таа сума со цел да заштеди на неговата плата која изнесува 1.5 милиони евра по сезона.

Претходно Барди се поврзуваше со трансфер во МЛС лигата, па и Италија, но засега нема ништо сериозно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шест јунски меча за одбојкарите во битката за ЕвроВолеј 2028

Македонија ќе одигра три турнири во Европската лига 2027, а последниот ќе биде на домашен …