Дома Македонски спорт Барди на терените се враќа на почетокот на ноември?

Барди на терените се враќа на почетокот на ноември?

Maкедонскиот репрезентативец, Енис Барди и понатаму е на листата повреди во Леванте.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барди ги пропушти октомврските два натпревари на Македонија против Лихтенштајн и Германија, а надвор од терените е од дуелот со Романија во Скопје во претходниот квалификациски циклус.

Пред неколку дена тој има се врати на тренинзите на Леванте, работеше со соиграчите, меѓутоа не со 100%, повеќе тоа беа „војнички вежби“. Се најавуваше дека би можел да биде во комбинација барем за место на клупата за следниот дуел на Леванте, сепак тоа нема да се случи.

Според последните прогнози на теренот би требало да го очекуваме кон почетокот на ноември. Ќе потсетиме, Македонија во ноември ја чекаат последните два натпревари од овој квалификациски циклус за Светското првенство и ќе играме со Ерменија (гости) и Исланд (дома).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Официјално: Македонија закажа уште еден натпревар против силен противник!

Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Тур…