Дома Трансфер зона Барди доби соиграч од Борусија Дортмунд

Барди доби соиграч од Борусија Дортмунд

Eден од најголемите трансфери во Турција оваа зима го заврши клубот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, Трабзонспор.

Тимот кој има високи цели во турскиот шампионат го доведе Томас Муние, фудбалер кој сезонава го носеше дресот на Борусија Дортмунд.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Муниер со „милионерите“ потпиша договор на 18 месеци. На белгискиот фудбалер му истече договорот во јуни и се очекуваше да замине на лето, меѓутоа одлучено било уште ова зимо да ја напушти Борусија.

Муние никогаш не успеа да направи нешто поголемо во Борусија Дортмунд од неговото доаѓање од Пари Сен Жермен уште 2020 година. На 83 натпревари постигна три гола и подели осум асистенции.

Борусија одлучи да се раздели со него најмногу поради неговата плата која изнесува дури четири милиони евра и претставуваше товар на буџетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Баерн непријатно изненадени: Дефанзивецот од Премиер лигата не е доволно брз за Бундеслигата

Eрик Дајер (30) оваа година пристигна на позајмица од Тотенхем во Баерн. На германскиот ша…