Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели на лето повторно ќе го промени клубот бидејќи неговата соработка со Ница завршува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Балотели во Ница пристигна пред две години и на изненадување на многумина одлучи да не ја продолжи соработката со францускиот клуб. Веќе неколку недели наназад се шпекулира за тоа каде „Супер Марио“ би можел да ја продолжи кариерата, а судејќи според ситуацијата тоа ќе биде Серија А.
Според медиумите на Апенините поранешениот напаѓач на Интер и Милан одлучил да да се врати во Италија, а наводно веќе има неколку интересни понуди, претходно интерес за Балотели покажуваа Рома и Наполи.
Иако до крајот од сезоната во Франција останаа уште неколку кола, Балотели веќе се прости од навивачите на Ница и така уште еднаш потврди дека на лето кариерата ја продолжува во некој друг клуб.
„Ова беа две неверојатни години, им благодарам на сите…Останаа само уште пет натпревари“, порача Балотели.