Италијанските медиуми пренесуваат дека Тиму Бакајоко сака да се врати во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.
Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него немаше место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.
Челзи ќе сака да го продаде на лето, а цената на Бакајоко значително падна, па Милан може да ја искористи ситуацијата и да го врати на „Сан Сиро“.
Французинот е спремен дури да прифати и помала плата, но сепак последниот збор за неговото враќање ќе го има новиот тренер на „росонерите“.