Дома Трансфер зона Бакајоко прифаќа помала плата за да се врати во Милан

Бакајоко прифаќа помала плата за да се врати во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тиму Бакајоко сака да се врати во Милан.

Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.

Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него немаше место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.

Челзи ќе сака да го продаде на лето, а цената на Бакајоко значително падна, па Милан може да ја искористи ситуацијата и да го врати на „Сан Сиро“.

Французинот е спремен дури да прифати и помала плата, но сепак последниот збор за неговото враќање ќе го има новиот тренер на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Челзи го договори трансферот на Хакими

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Аштраф Хакими е многу блиску до трансфер во Челзи. „Нер…