Тимуе Бакајоко во Милан пристигна од Челси, но не им се допадна на навивачите на италијанскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Не сакам да ми свиркаат, но ги разбирам навивачите. Се надевам дека наскоро ќе ме поздравуваат. Направив некои добри работи, но само сум на почетокот. Се надевам дека ќе придонесам за пласман на Милан на една од првите четири позиции.“- изјави Бакајоко и додаде:
„Се чуствувам најдобро во формација 4-4-2, но и кога играме во формација 4-3-3, како што беше случај против Јувентус. Жал ми е што загубивме, но задоволен сум како јас лично одиграв.“
24. годишниот фудбалер одигра осум натпревари во Серија А и четири во ЛЕ, но нема ниту гол ниту асистенција на своето конто.