Дома Трансфер зона Баерн спрема нова понуда за ѕвездата на Челзи

Баерн спрема нова понуда за ѕвездата на Челзи

Европскиот шампион Баерн Минхен го обнови интересот за талентот на Челзи, Калум Ходсон-Одој, пренесува „Скај Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците испратија неколку понуди за 19-годишниот крилен фудбалер уште во јануари, а последната понуда беше 35 милиони фунти.

Меѓутоа, Челзи ги одби сите понуди и успеа да го убеди младиот фудбалер да стави потпис на нов долгогодишен договор.

Челзи значително се засили во летниот преоден рок, па јасно е дека Ходсон-Одој нема да има голема минутажа оваа сезона, и поради тоа инсистира да го напушти клубот.

„Сините“ сакаат да го испратат талентот на едногодишна позајмица, без опција за откуп, но таквата оција Баерн не ја прифака бидејќи сака да го купи талентот во перманентен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…