Дома Фудбал Германија Баерн се налути: Не го пуштаме Флик!

Баерн се налути: Не го пуштаме Флик!

Ханси Флик после натпреварот против Волфсбург соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Флик не ја откри причината за неговото заминување, но потврди дека спогодбено ќе го раскине договорот со Баварците на крајот на сезоната.

„Ќе го прекинам мојот договор ова лето. За мене беше важно тимот да дознае, управата на клубот ја информирав уште по елиминацијата од ПСЖ“, изјави Флик.

Баварците се налутија после ваквата изјава на тренерот и денес преку официјално соопштение потврдија дека не се согласни да го пуштат да замине.

„ФК Баерн не се согласува со едностраната позиција на Ханси Флик и ќе разговараме со него по натпреварот против Мајнц, како што првично беше договорено“, се вели во соопштението.

Челниците не сакаат оваа одлука да влијае на тимот во финишот на сезоната, кога Баерн е во трка за шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе треба да излезе пред судот во Франција поради обвину…