Дома Фудбал Баерн, Порто и Дортмунд се враќаат во полуфинале во ЛШ

Баерн, Порто и Дортмунд се враќаат во полуфинале во ЛШ

Постои голема веројатност полуфиналистите Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи да бидат исфрлени од Лигата на шампиони веднаш и да не го доиграат турнирот.

Ова го потврди членот на Извршниот комитет на УЕФА, Јаспер Милер, а конечната одлука ќе се донесе во петок.

Трите клуба се меѓу основачите на новата Суперлига, поради што УЕФА е против и се закани со исфрлање. Тие се во полуфиналето заедно со Пари Сент Жермен, кој засега не се изјаснува на темата дали ќе учествува во Суперлигата.

Германскиот весник „Билд“ ексклузивно пренесува дека планот е во полуфиналето да се вратат Баерн Минхен, Порто и Борусија Дортмунд и заедно со ПСЖ да се формираат два полуфинални пара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебакл на „Олд Трафорд“: Брентфорд го разби Јунајтед со 0-4!

Калум Вилсон погоди двапати, Данго Уатара запиша три асистенции, а Брентфорд му нанесе теж…