Дома Трансфер зона Баерн не го пушта Левандовски: Го очекуваме на првиот тренинг

Баерн не го пушта Левандовски: Го очекуваме на првиот тренинг

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ ја коментираше ситуацијата околу Роберт Левандовски, кој сака да го напушти клубот.

Левандовски има договор до 2023 година, а Салихамиџиќ му порача дека го очекуваат на првиот тренинг во јули.

„Нашата позиција е јасна, Левандовски има договор со 2023 година. Дури воопшто не размислувам за парите што ни ги нудат од Барселона и очекувам Роберт да се појави во нашиот тренинг центар на прозивката која е закажана за 12 јули“, изјави Салихамиџиќ.

Барселона понуди 32 милиони евра за напаѓачот, но понудата беше одбиена. Се очекува каталонскиот гигант да ја подобри понудата на 50 милиони, бидејќи Левандовски веќе има договор со Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја понижи Барселона: Парите за Левандовски ги сака веднаш, бидејќи смета дека за една година клубот ќе банкротира

Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски во Барселона се уште трае, а Баерн Минхен не…