Дома Топ вести Баерн Минхен се откажа, Челзи фаворит за потписот на Хаверц

Баерн Минхен се откажа, Челзи фаворит за потписот на Хаверц

Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Откако ги ангажираа Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, Челзи сака да ја донесе ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. 

Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.

Откако Баерн Минхен официјално се откажа од трката за Хаверц, Челзи е фаворит за неговиот потпис и е убеден дека ова лето може да ја комплетира зделката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…