Приоритет на Баерн Минхен во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, пренесуваат германските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Томас Тухел сака по секоја цена да донесе дефанзивец во јануари и составил листа од три имиња.
Стоперот на Џенова, Раду Драгушин е еден од најбараните играчи на фудбалскиот пазар во моментов. Баерн се приклучи во трката и спреми 25 милиони евра за 21-годишниот стопер.
Пореална опција е доаѓањето на Норди Мукиеле, член на Пари Сен Жермен, кој може да игра на повеќе позиции во одбраната.
Уште еден играч кој речиси сигурно ќе пристигне во Баерн Минхен, е Асан Едраого, момче кое има само 17 години и игра за Шалке, но тој ќе се пресели на „Алијанц Арена“ на лето.