Дома Трансфер зона Баерн го „краде“ Камавинга пред носот на Реал

Баерн го „краде“ Камавинга пред носот на Реал

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18- годишниот играч за врска веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но последните информации се дека е на чекор од трансфер во Баерн Минхен.

Камавинга со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“ и дебитираше за француската репрезентација.

Приоритет на Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а веруваат дека Камавинга ќе биде идеално решение.

Рен за неговата слобода бара 60 милиони евра, Реал се обидува да ја намали таа цена, додека Баварците се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…