Еурофарм Пелистер го очекува тежок двомеч против Нексе од Нашице во рамките од осминафиналето во Лигата на Европа.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Жељко Бабиќ ја истакна Нексе како екипа која е добро дефанзивно и тркачки
„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Имавме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.




Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана“, изјави Бабиќ.




Првиот натпревар од двомечот се игра утре во Нашице.