Македонската репрезентација со бод се враќа од Бугарија, по ремито во Разград, иако заслуживме многу повеќе.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија беше подобра во сите 90 минути и ја надигра Бугарија по сите статистички параметри, па дефинитивно ние сме тие кои треба да жалиме за изгубените два бода.




Стефан Ашковски исто така е незадоволен од епилогот во Разград и смета дека Македонија заслужи победа.
„Да бидам искрен не сум многу задоволни со освоениот бод, сметам дека заслуживме повеќе според прикажаното на теренот. Сепак, ова е прв натпревар од Лигата на нациите и се надевам ќе бидеме уште подобри на следните средби. Имавме пад во играта во финишот, но, важно е дека Македонија има доволно играчи за ротацијата и верувам дека кој и да се најде во тимот против Гибралтар ќе го даде својот максимум за победа“, изјави Ашковски.