Дома Македонски спорт АТП: Ивановски скокна за 18 позиции, Ѓоковиќ се врати на врвот

АТП: Ивановски скокна за 18 позиции, Ѓоковиќ се врати на врвот

Новак Ѓоковиќ од денес и официјално се врати на врвот на АТП листата откако Карлос Алкараз не успеа да го освои турнирот во Мајами и беше елиминиран во полуфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот тенисер мораше да го одбрани трофејот освоен во Мајами минатата година за да остане на врвот, но во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер. Ѓоковиќ сега има 7.160 поени, 380 повеќе од Алкараз.

На третата позиција грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 5.770 бодови, потоа Медведев кој го освои Мајами се проби до четвртото место со 5.150 бодови. Каспер Руд падна на 5-тата позиција, а потоа следат Рубљов, Феликс, Рунер, Синер и Фриц.

Калин Ивановски забележа нов скок, сега од 18 пзиции со што стигна до 457-то место кое е негов најдобар ранкинг во досегашната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…