Дома Фудбал Атлетико немаше милост: Навивач доби доживотна забрана за влез на „Ванда Метрополитано“

Атлетико немаше милост: Навивач доби доживотна забрана за влез на „Ванда Метрополитано“

Eкипата на Атлетико Мадрид објави дека на навивачот кој беше идентификуван за направени инциденти во дербито со Реал Мадрид му е изречена „доживотна забрана“ за влез на стадионот.

Натпреварот помеѓу Реал и Атлетико беше во прекина 15-тина минути во второто полувреме поради фрлање на предмети кон теренот.

Мета на навивачите беше Тибо Куртоа кој прво ги провоцираше фановите зад голот. Во тие моменти тренерот Симеоене и играчите на Атлетико се обидоа да ги смират фановите, сепак судијата процени дека прекин мора да има.

Истрагата на Атлетико продолжува и клбуот ќе се обиде да ги идетификува и останатите виновници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…