
Трансферот на Алваро Мората во редовите на Атлетико Мадрид е само прашање на време, а тоа значи дека летното засилување Желсон Мартинс ќе биде прекуброен во клубот.
„Јорганџиите“ сакаат да се ослободат од Португалецот и се спремни да го пуштат на позајмица, а три клуба се заинтересирани за неговиот потпис.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
Арсенал го сакаше Желсон Мартинс и минатото лето додека играше за Спортинг Лисабон, но во летниот преоден рок Португалецот се реши да се пресели во Атлетико Мадрид.
Интерес за крилниот напаѓач покажуваат уште Монако и Милан, кои исто така го сакаат фудбалерот на позајмица со право на откуп по завршување на сезоната.