
Фудбалерот на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец, Желсон Мартинс е на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид.
Оваа информација денес ја потврди авторитетниот мадридски весник „АС“. Агентот на Желсон Мартинс веќе постигнал договор со „јорганџиите“, па се очекува наскоро официјализација на трансферот.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
23-годишниот крилен напаѓач е дете на Спортинг Лисабон, каде во 2015 година го прави своето деби за првиот тим. Меѓутоа Португалецот се реши да го напушти клубот после силните турбуленции кои ги направи бившиот претседател.
#AtleticoMadrid ad un passo da Gelson #Martins ?Annuncio imminente ??
(@diarioas) pic.twitter.com/uwumR4rJFd
— Affari Di Calcio (@AffariDiCalcio) July 5, 2018