Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид договори бразилска ѕвезда

Атлетико Мадрид договори бразилска ѕвезда

Атлетико Мадрид е блиску до комплетирање на трансферот на бразилскиот крилен напаѓач, Маркос Пауло од Флуминенсе.

Лидерот од Примера води преговори со Флуминенсе веќе еден месец, а агентот на играчот веќе има комплетен договор со „јорганџиите“.

Се очекува Пауло сега да потпише договор со Атлетико и да остане во Флуминенсе до крајот на сезоната.

Маркос Пауло дебитираше за првиот тим во 2019 година, а оваа сезона постигна 3 гола на 25 меча.

Бразилецот беше мета на неколку европски гиганти, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Бриж🎥

Европските гиганти покажуваат силен интерес за младиот дефанзивец на Клуб Бриж, Одилон Кос…